Над 15 фамилии од Скопје барале сместување на Пелистер за викендов

Над 15 фамилии од Скопје во еден хотел барале сместување на Пелистер за време на продолжениот викенд, кога е во сила полицискиот час во главниот град и околината.

Сепак, на социјалните мрежи има реакции дека поголем дел од главниот град барале сместување по сместувачките капацитети низ земјава, каде што нема целосен полициски час. Тие стравуваат дека истото сценарио било и во Италија, во Милано, а потоа се случило да има голем број на заразени.

Почитувана Градоначалничке, почитувани Советници и сите вие кои имате моќ во вашите раце да донесете клучни одлуки во нашиот град.
Ние како сопственици на Хотел Шумски Фенери од вчера па и денес примивме преку 15 барања за резервации за сместување на гости во нашиот објект, сите од Скопје. Фамилии со деца, парови и друштва. Сите беа културно одбиени. Но секој од нив ни кажа цена за вили кои се издаваат на нашата планина, зошто да не работиме кога други работаат.
На прашањето што ќе правите после 16 часот кога сите одиме во карантин, одговорот е ќе се дружиме во дворот.
Сакам да ви доловам дека на оваа пропадната економска ситуација еден куп ќе прифатат и сламка. Ќе ги исконтролираат регистрираните објекти во градот, некој работи некој не, но вилите никој нема да ги знае.
Само еден пример ќе ви кажам. Милано пред првиот карантин од цел викенд, масовно беше напуштен. Такви гужви на излез од градот не памтат. Сите се упатија на планина, по скијачки центри, излетнички места. Секаде само не во карантин. По 10 дена ситуацијата ескалира, и сите знаете што им се случи потоа.
Не сакам да ги коментирам одлуките на Комисијата, во нив има еден куп недоречености. Но вие почитувани челници на градот сторете нешто и затворете го градот наш!!!! Во доволен број сме сите во него за да функционираме. Нема излегување нема влегување, освен во рамките на Општината. Вакви мерки се познати во цел свет! Применете ја таа мерка. Ем еконски ќе функционираме во него зошто немаме заболени веќе 13 дена, ем ќе се заштитеме.
Си ги сакам сите гости назад во Шумски Фенери, си ги сакам сите гости од цела Македонија и Светот. А ќе се вратат ако побрзо реагирате. Бидете најпаметни и нека покажуваат на вас со гордост како што покажуваат кон Дебар!!!!
БИТОЛА НА БИТОЛЧАНИ ДОДЕКА ПОМИНЕ ЛУДИЛОТО!!!!!!- Фејсбук статус.

 

Треба да знаете
Последни објави