Професорката и пратеничка Фросина Ременски, денеска на својот Фејсбук профил го објави и третиот дел од приказната наречена „Кираџиски приказни”, текст за екс директорот на УБК, Горан Николовски. Николовски е актуелен по неговото спомнување во аферата „Рекет“, на кого наводно Орце Камчев ја пријавил изнудата од Боки 13.
-Во првиот и вториот дел од оваа вистинска „кираџиска“/„кираџиско-рекетарска“ приказна ставив акцент на процедурата и постапката по пријава на ДКСК и поставив клучни прашања чиишто кои одговор требаше да стигне во фазата на „криминалистичкото постапување“ и истрагата на ОЈО ГОКК. Колку оваа „кираџиска приказна“ влијаела „врз текот на операцијата Рекет“ и пријавите на брачниот пар Орце и Ана Камчеви до Директорот на УБК?!“⁉️ Во овој ТРЕТ ДЕЛ од приказната ќе дадам стручна криминалистичка анализа на суштинскиот пропуст за реализација на овој т.н., високо профилен криминал, би додала презентиран со „високо буџетна пропаганда“, за на крајот да остане јавната осуда и воспевите за обвинителска „реализација“ врз основа на „верзии на сомнителни умови“. ‼️Свесно пропуштено криминалистичко постапување, пишува Ременски.
Целиот текст на нејзиниот пост на Фејсбук.
https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/3193352000696032