Двајцата активисти минале кратко време во притвор, откако се обиделе да прикачат транспарент во близина на амбасадата на САД во Москва.
Тоа бил транспарент за поддршка на демонстрантите во САД кои протестираат против полициското насилство, а поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
„Двајца активисти на движењето ‘Лев блок’ се обидоа да прикачат транспарент на кој пишуваше ‘Правда за Флојд’ во близина на зградата на американската амбасада“, изјавиле полициските службеници за агенцијата „Тасс“.
Активистите биле ослободени по кратко време минато во притвор.
Two detained while trying to attach banner near US embassy in Moscow https://t.co/FEGA1SLWq5 pic.twitter.com/exPkb49k6g
— Andy Vermaut (@AndyVermaut) June 4, 2020