Велшкиот фудбалски интеранционалец Герет Бејл кој е член на шпанскиот трофеен гигант Реал Мадрид, нема намера да се врати во англиската премиерлигашка конкуренција изјави неговиот менаџер Џонатан Барнет.
– Како што секогаш велев, Герет е среќен во Мадрид, го цитира Goal.com, Барнет.
Тој сака да живее овде, не разбирам зошто треба да размислува за кариера на некое друго место. Тој веќе освои скоро сè, со исклучок на меѓународните турнири. Се разбира, враќањето на Бејл во Премиер лигата би било голем настан, но не верувам дека тој сака да се врати. Тој сака да игра за Реал Мадрид, додаде Барнет.
Во сезоната 2019/20, Бејл одигра 18 натпревари за Реал Мадрид, постигна три гола и две асистенции на негова сметка.
Порталот „Transfermarkt.com” ја проценува вредноста на 30-годишниот Велшанец на 32 милиони евра. Претходно беше објавено дека за играчот е заинтересиран Њукасл.