Бугарското Министерство за здравство издаде наредба со која се воведува 14-дневен задолжителен карантин за лица кои во државата влегуваат од Македонија. Со истата наредба се прекинува 14-дневниот карантин за граѓани кои во Бугарија ќе допатуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора.
И двете промени се предложени од државниот здравствен инспектор по оценката за епидемиолошката состојба и ризикот од ширење на Ковид-19 во Бугарија.