Гeрманец осомничен за киднапирање и убиство на малата Медлин пред 13 години

Германската полиција смета дека осуден педофил, кој во моментов е во затвор има врска со киднапирањетo на Медлин Мекен и нејзиното убиство.

Неименуваниот Германец (43) во моментов е во затвор поради претходни обвиненија за педофилија. Тој на 3 мај, 2007 година се движел во близина на одморалиштето во Алгарве, Португалија каде тогаш исчезна тригодишната Британка. Осомничениот во периодот од 1995 до 2007 година престојувал во подрачјето на Алгарве, живеејќи во камп-приколка.

Обвинителството, за жал, смета дека девојчето е мртво

Полицијата смета дека има јасни индикации дека учествувал во киднапирањето.

-Во моментов тој е клучен осомничен во нашата истрага. Затоа упатуваме повик за каква било информација, за да ги потврдиме или демантираме нашите сомнежи, изјави помошник-началникот на лондонската полиција Стјуарт Канди.

Тригодишната Меделин Мекен исчезна во Алгарве пред 13 години, додека беше на одмор таму со нејзините родители, Гери и Кејт Мекен.

Тие се заблагодарија на полицијата и рекоа дека „сѐ што сакале е да ја најдат“.

Полицијата упати апел за информација во врска со две возила што ги користел осомничениот во тој период.

Треба да знаете
Последни објави