Дозволите за вршење дејност за време на полициски час во Карпош имаат важност и за продолжениот затворен викенд

Како резултат на новите одлуки од Владата, а во врска со коронавирусот, Општина Карпош ги известува сите фирми кои вршат достава на храна / лекови, а кои веќе имаат добиено известувања од Општината за вршење на дејност и во полициски час – дека истите и понатаму имаат важност претстојниот продолжен викенд (05, 06 и  07 јуни).

Исто така, сите други компании кои сакаат да вршат достава на храна / лекови, а до овој момент не се пријавиле, треба  веднаш да пополнат пријава и да ја испратат на kontakt@karpos.gov.mk во текот на денешниот ден, најдоцна до 18:00 часот.

Нерегистрираните земјоделци кои сакаат да вршат дејност во општината, како и надвор од Карпош, околината на Скопје, за време на претстојниот викенд, да се пријават на kontakt@karpos.gov.mk , со име и презиме, живеалиште, локација каде ќе вршат дејност, број на катастарска парцела и во кој период од полицискиот час ќе работат. Истите податоци да ги испратат во текот на денешниот ден, најдоцна до 18:00 часот.

Хранителите на бездомни животни и голубарите, исто така, треба да се пријават на kontakt@karpos.gov.mk, до 18:00 во текот на денешниот ден, со име и презиме, живеалиште и период од денот кога би вршеле дејност, како и да го наведат потегот на кој ќе хранат бездомни животни.

Истакнуваме дека сите нецелосни пријави и оние кои ќе бидат испратени по дадените рокови, нема да бидат земени предвид.

Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат правилата за движење во тек на полициски час, да носат заштитни маски и да не се собираат во групи.

Исто  така, секоја злоупотреба на дозволите за движење се санкционира.

Треба да знаете
Последни објави