ДУИ: Граѓаните да не одбиваат тестирања и да се придржуваат до мериките

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) апелира до граѓаните во овие моменти најсериозно да постапуваат по прашањата поврзани со заштитата на јавното здравје.

„Да ги избегнуваме фамилијарните и пријателските собирања да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, максимално да одржуваме хигиена, да не излегуваме од дома без заштитни маски и да држиме физичко растојание“, истакнуваат од оваа партија.

Воедно ги повикуваат граѓаните да не ги одбиваат тестирањата, да соработуваат при анкетирањето и да ги одбегнуваат сите околности каде можат да се изкожат на можна инфекција.

Вирусот Ковид-19 е присутен и се проширува, а сите заедно треба да го спречиме, порачуваат од ДУИ.

Треба да знаете
Последни објави