Кривична за ресторанот во кој беше Мицкоски, инспекторите немале дојава

Првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски потврди дека на инспекторите повеќе од два часа не им било дозволен влез во внатрешниот дел на угостителски објект во скопско Дебар Маало, каде што беше затекнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој демантира дека имале дојава туке дека станувало збор за рутинска контрола.

-Инспекторите се секојдневно на терен. Имаат наредба во сите тераси на угостителските објекти да проверат дали се спроведуваат протеколите. На лице место кога биле, имаат обврска да извршат контрола и во затворениот простор. Кога побарале да влезат биле спречени да извршат контрола. Тогаш им станало сомнително дека имале луѓе и инсистирале да влезат. На испомош дошле уште двајца инспектори. По два часа кога не отвориле, бил повикан и раководителот. Било рутинска контрола, ниту знаеле, ниту имале намера, ниту очекувале дека ќе излезе она што отпосле испадна. Апелирам на сите да ги остават инспекторите ревносно да си ја вршат работата. Да не ги вплеткуваат во политички игри, со обвинување дека ние сме во рацете на власта. Апелот е до сите, оставете ги инспекторите да си ја вршат работа, истакна директорот.

Според него, против правното лице веќе е преземена прекршочна санкција за оневозможување на службени лица во извршување на службена должност, бидејќи ресторанот извршувал угостителска дејност и во внатрешниот дел, за што инспекторите имаат и докази. Денеска е поднесена кривична пријава според членовите 205 и 206 од Уредбата на нашата држава

Тој истакна дека поголемиот број на угостители и трговци ги почитуваат мерките, но дека има и одреден број на угостители кои го нарушуваале текот на работата, поради што биле поднесени 28 кривични пријави и 38 прекршочни пријави, а биле утврдени и 47 нерегистрирани даночни обврзници.

Треба да знаете
Последни објави