Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г од Кривичниот законик.
Пријавениот на 28.05.2020 на социјалната мрежа Фејсбук објавил текст кој содржел говор на омраза.