Спортскиот директор на италјанскиот фудбалски калчолигаш Лацио, Игли Таре, објави дека клубот е согласен да го продаде играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ кога ќе почне преодниот рок пренесува „Дејли мејл”.
ПСЖ, Манчестер јунајтед, Челзи и Тотенхем се заинтересирани за српскиот репрезентативец.
Фудбалерот има пет гола и седум асистенции на 31 натпревар за Лацио во сезоната 2019/20.
Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 64 милиони евра.