Потребна ви е инспирација за да направите смела животна промена, голем чекор напред, или пак, да си ја зголемите самодовербата? Запознајте ја Џен Брикер-Бауер, која ќе ве увери дека ништо не е невозможно.
32-годишната жена е родена без нозе, но не дозволува тоа да ѝ застане на патот кон постигнувањето на целите. Инспиративната Американка со романско потекло е професионална гимнастичарка и акробатка, која прави многу повеќе нешта без нозе отколку што прават многумина од нас со нозе. Таа е категорична дека среќата е избор.
Џен била напуштена од родителите веднаш по раѓањето и била оставена во сиропиталиште во Романија. Но, судбината имала големи планови за неа. По само неколку месеци, била посвоена од прекрасно семејство кое ја научило на едно правило: „Никогаш не вели не можам“. Со помош на нејзините родители, таа научила да го гледа животот како триумф, а не како трагедија и да верува дека може да постигне сè што ќе посака.
„Моите родители никогаш не се однесуваа кон мене како да сум различна. Ми велеа: ‘Ти си родена вака намерно, со причина, не по грешка’. Факт е дека тоа што сум родена без нозе апсолутно не беше грешка и беше тотално намерно, 100% беше со некаква цел“ – вели Џен.
Додека растела, таа тренирала гимнастика и била опседната со романската гимнастичарка Доминик Мочиану, добитничка на златен медал на Олимписките игри во 1996 година. Верувала дека тие многу си личат. Подоцна, открила дека таа ѝ е биолошка сестра…
Преземено од femina.mk