Во услови кога целото внимание на јавноста е насочено кон пандемијата и вонредната состојба, речиси и да не се зборува за проблемите кои се однесуваат на животната средина. Се претпоставува дека оваа состојба ќе има најголемо негативно влијание врз маргинализираните лица, кои за жал најчесто се заборавени од општеството. Токму кога приоритет е хигиената и
често миење на рацете, во некои делови од државата нема пристап до чиста
вода. Правото за пристап до здрава животна средина и правото до вода се
човекови права кои континуирано се прекршуваат. Механизмот за бесплатна
правна помош е еден од постоечките механизми за пристап до правда кој
речиси и не се применува за пристап до правата за вода и здрава животна
средина. Пристапот до правдата е најчесто оневозможен, пред сè поради
комплексните судски процедури, за кои граѓаните ниту се информирани, ниту
пак имаат средства да си ги овозможат. Во тој контекст, во рамки на проектот:
„Еднаков пристап за ефективна правда“ – EuropeAid/159467/ID/ACT/MK,
имплементиран од страна на Здружение на граѓани Флорозон – Центар за
Еколошка Демократија, во партнерство со Environmental Law and Management
Association EMLA – Унгарија, подготвени се документи од суштинско значење за
практиките за пристап до еколошка правда – Компаративна анализа на
постоечки модели на правна помош во и надвор од EУ и најдобри практики,
како и Водич за користење бесплатна правна помош, кој дава точни насоки за
користење на механизмот за бесплатна правна помош со сите потребни
документи за аплицирање. Двата документи беа презентирани на третата
средба на Националното Координативно Тело, на 04.06.2020 (четврток), која се
оджи на ZOOM платформата. На средбата се отвори дискусија со осврт на
правото на здрава животна средина, правото на користење на механизмот на
бесплатна правна помош и статусот на ранливите и маргинализирани групи во
овој контекст.
Имено, Националното Координативно Тело, составено од релевантни
претставници од областа на животната средина, ќе придонесе кон градењето
на ефективен систем на правна помош во земјата, ќе овозможи меѓу-секторска
соработка и соработка помеѓу главните чинители основана врз партнерство и
вмрежување vis-à-vis Законот за бесплатна правна помош.
Со спроведување на проектните активности, се влијае врз зголемување
на капацитетите на релевантните институции, подигнување на јавната свест за правото на еколошка правда и унапредување на постоечките механизми на
правни лекови.



