Полскиот премиер бара гласање за доверба на Владата

Полскиот премиер Матеуш Моравиески денеска, неочекувано, побара од Парламентот да гласа за доверба во владата, што се толкува како обид за зајакнување на позицијата на неговата националистичка партија Право и правда (ПиС) пред претседателските избори на 28 јуни.

– Ако имате доволно гласови, тргнете нè. Ако не, дозволете ни да работиме, не не вознемирувајте, рече Матеуш Моравиески во емотивниот говор пред Долниот дом на Парламентот, каде неговата владејачка коалиција има мнозинство.

Актуелниот претседател Анджеј Дуда, сојузник на владејачките националисти, долго време беше убедлив фаворит. Сепак, неодамнешните анкети покажуваат дека неговиот рејтин опаѓа, особено затоа што главната десничарска опозициска Граѓанска платформа (ПО) го смени својот кандидат, и го истакна либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Трасковски.

Треба да знаете
Последни објави