На плажата Прижба на Корчула се случил комунален инцидент. Фекалии се излеале во морето и ја загадиле водата, поради што не се препорачува капење, уште на почетокот од туристичката сезона во Хрватска.
За инцидентот е известена инспекцијата за животна средина како и останатите надлежни служби. Според Заводот за јавно здравје во Дубровнички-неретванската жупанија кои направиле две испитувања на мостри од водата не го исполнуваат условот за квалитетна вода за капење. Констатирано е дека во микробиолошкото испитување има зголемено присуство на бактерија „Еscherishia coli“.
Испитувањето на морската вода ќе продолжи да се контролира до одстранувањето на фекалните загадувања.