Секс во Скопје за „пет милијарди“, во Белград на лесните женски им се кревале споменци

Старлетите и елитната проституција во Македонија и на Балканот не е од вчера. До денеска се смениле само каналите за комуникација меѓу „пријателките на ноќта“ и нивните клиенти, се друго останало исто, освен цената, секако. Малкумина од нас знаат дека во Скопје проституцијата до 1926 година била легална. Во Скопје имало кафеани и барови кои работеле како јавни куќи. Но Скопје не е исклучок од другите главни градови во поранешна Југославија. Во Хрватска во овој период царувала приморската проституција, а во Белград друштвото на познатите „мадам“ било вообичаено за јавниот живот. 24 Инфо направи истражување за дамите на лесниот морал во овој период и податоците се повеќе од интересни. Но да почнеме со нашата метропола.

Според монографијата “Животот во Скопје во периодот помеѓу двете светски војни 1918-1941”, најомилена забава на скопјани помеѓу двете светски војни не се разликувала од денешната. Тогашните главни фаци често можеле да се видат во градските кафеани. Во гавниот град на број имало дури 300 кафеани и локали, кои граѓаните масовно ги посетувале. Тогашните угостителските објекти биле од различен тип: кафеани, подруми, пивници, барови, бифеа, крчми, меани и работеле до рано наутро. Во 1926 година во Скопје имало и 26 јавни куќи, од кои најголемиот дел се наоѓале во центарот на градот. Такви кафеани, кои ги биел лош глас, биле “Босфор”, “Централ”, “Босна”, “Српска круна”, “Космај”, “Загреб”, “Брзи воз” и други. Во овие локали имало многу девојки, кои за пари им се нуделе на посетителите. Интерсно е д се спомне дека секоја класа имала свое кафеанско собиралиште.

Јавна тајна во тој период била дека во Скопје може да се најде девојка за 5 банки или тогашни пет милијарди динари. Се појавиле голем број проститутки во градот, санитетската служба во Скопје издала наредба за најстрога забрана за шетање на проститутките низ градот. И покрај нивното прибирање од улиците и нивното носење на медицински преглед, заради здравствена заштита, многу девојки сепак останувале на улиците и “работеле” за 5 банки.

Легален бизнис

Како во Скопје така и во стар Белград проституцијата била легална. Познати маала каде можеле да се најдат девојки за забава биле Сава маало, Букурешт маало кои биле центри на разврат на крајот на 19 век и почеток на 20. Во архивските записи како најпозната се води кафаната “Руски цар” во Белград. Во Белград првите јавни куќи се отворени 1871. Најпознатата мадам од тој период е Марија Лордовиц за која се зборувало дека скоро сите белграѓани поминале низ нејзни раце.  До Првата светска војна цвета бизнисот и останува се непроменето. Проституцијата станала занимање, а проститутките се жалеле дека нивните подводаџии ги искористувале. Во тој период имало размена со проститутки од Виена. Имено белграѓанките оделе во Виена на одредено време, овие доаѓале во Белград се со цел да не им бидат здодевни на муштериите.

Според старите записи стои и дека во овој период никнал и првиот споменик во чест на црвените фенери во Белград, но ние не најдовме негова фотографија. По првта светска војна борделите едно време биле забранети. Но само на кратко. Во книгата “Продавачице тела и тајна проституција у Београду” во 1928 година стои дека во тој период во градот имало дури 80  куплераи, од кои дел биле јавни, а дел тајни. Во овој период веќе почнала да се појавува и елитната проституција. Газдите на девојките им плаќале стан и храна, а од клиентите жените покрај пари почнале да добиваат и скапоцени подароци.

Приморски куплерај

По Втората светска војна никој не зборувал јавно за валканиот бизнис. Но да не се разбереме погрешно. Тоа не значи дека не постоел. Првата афера по која јавно почнало да се зборува избувнала во март 1968 година. Главен град на аферата е Сплит. Додека судството во Сплит решаваше како еден куп млади девојки неколку години работеле во хотели по приморските градови проституцијата цвета и во другите пристанишни и туристички градови на Јадранот, особено во Ријека.

Маргита, Клаудија и нивните пријатели го имаат својот „шеф“ во Сплит 32-годишниот невработен бравар наречен Мако. За непречено извршување на овој профитабилен бизнис, Мако им го ставил на располагање на своите пријатели својот двособен стан каде работеле десетина девојчиња. Полицијата нашла црвени светло, порнографски слики, музика и многу скапи пијалоци. Мако се смета како пионер во бизнисот со елитна проституција во овој период.

Тој ги нудел своите девојки на клиенти во хотелите „Централ“, „Славија“ и „Љубљана“ во центарот на Сплит, а заработените пари за една вечер биле колку годишни плати на вработени во фабрика.

Од тогаш до денес иако има поминато повеќе од половина век ништо не е сменето. Освен главните јунаци во приказните. Ако тогаш девојките беа крстени како лесни женски денес се старлети или придружнички, а професијата е иста.

Валентина Ангеловска

 

Треба да знаете
Последни објави