Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтерова скала ја погоди денеска Индонезија, односно подрачјето во близина на провинцијата северен Сулавеси, кај островот Халмахера.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 111 километри под површина на земјата и досега не е издадено предупредување за цунами.
Индонезија се наоѓа на т.н. Тихоокеански огнен прстен, кој многу често е погоден од земјотреси