Хилари Даф со мрсна коса, пунџа на главата и бројни модринки на нозете

Американската актерка и пејачка Хилари Даф (32)  беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес, со мрсна коса и бројни модринки на нозете.

Актерката, која стана позната во 2001 година во серијалот „Лизи Мекгвајер“, носеше тексас шорц и бела маица со кратки ракави, а озгора бел кардиган и црвена чанта на рамо,  додека на нозете имаше влечки во бежова боја.

На лицето имаше цветна заштитна маска, со оглед дека заштитната опрема е задолжителна во Калифорнија при излегување од дома, поради пандемијата на коронавирус.

Иако носеше пунџа, можеше да се забележи дека нејзината коса е многу мрсна и валкана.

Таа во раката држеше таблет и мобилен телефон, а она што го привлече вниманието беа бројните модринки на нозете, кои не ги криеше од холивудските папараци.

Хилари се почесто е фотографирана како шета со замислен поглед, изгледа како да е тажна и честопати ја врзува косата во пунџа.

Пред помалку од 6 месеци таа се омажи за својот свршеник Метју Кома (32), со кого ја има ќерката Банкс Вајолет Бер.

Треба да знаете
Последни објави