Раководството на Барселона ќе се фокусира на трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал, доколку раководството не успее да се договори за Лаутаро Мартинез со Интер.
Според „Дејли мејл”, Каталонците веќе контактирале со своите колеги од Лондон, како и со претставник на репрезентативецот на Габон.
Обамајанг има предлог за нов договор од Арсенал, но играчот во оваа фаза не сака да го прифати.
Оваа сезона, 22-годишниот Мартинез има забележано 31 натпревар за Интер, постигна 16 гола и даде 4 асистенции.
Триесет-годишниот Обамејанг има 20 голови и 1 асистенција на 32 натпревари.