Германија денеска претстави големи стимулации за електрични и хибридни автомобили, овозмужувајќи му на „Фолксваген“ поттик за производство на електрични автомобили, додека се зголемуваат даноците за спортски теренски возила со мотори со внатрешно согорување.
Поттикот за купувачи на автомобили, кој вклучува и намалување на ДДВ-то од 19% на 16%, е дел од економскиот стимулативен пакет во висина од 130 милијарди евра, чија цел е да се забрза закрепнувањето на Германија од ефектите на коронакризата.
Покрај зголемувањето на високите даноци за возилата што испуштаат големи количини јаглерод диоксид (СО2), што влијае на спортските теренски возила, Германија одобри субвенции од 6.000 евра за електрични автомобили со батерии кои чинат помалку од 40.000 евра. Ова покренува субвенции за електрични автомобили и до 9.000 евра, диколку се вклулат и субвенциите од 3.000 евра кои производителите ги нудат за вакви возила.
Сепак, прагот од 40.000 евра значи дека производителите на луксузни автомобили како БМВ, Мерцедес, па дури и Тесла не ги исполнуваат условите за целосниот износ.
Германија веќе објави дека нејзиниот данок на моторни возила ќе претрпи изменени. Од јануари 2021 година, сопствениците на автомобили со емисии повисоки од 95 грама CO2 на километар, ќе се соочат со високи даноци.
Просечната емисија на новите автомобили минатата година во Германија изнесувала околу 150,9 грама СО2 по километар.