Агенцијата за финансиска поддршка во земјодделството и руралниот развој, ги информира сите земјоделци кои минатогодишните картички за „зелена нафта“, ги оштетиле или загубиле, истите најдоцна до 12 – ти јуни, да ги пријават во Подрачните единици на МЗШВ, од каде лани им беа доделени се со цел да им се изработат нови.
На овој начин, Агенцијата ќе има увид на кои корисници картичките им се неупотребливи и навремено, преку економскиот опеаратор ќе може да им изработи нови картички.
Нови картички ќе добијат и оние земјоделци кои за прв пат оваа година се стекнале со право на користење на оваа мерка.
Оние земјоделци кои правно – законски се стекнаа со право на користење на мерката „зелена нафта“ и на кои картичките им се во ред, истите ќе им бидат надополнети со нови средства.
Кој колку средства ќе има на картичките ќе зависи од видот на производството и од културата која ја пријавиле за субвенции. Со персонализираната картичка за „зелена нафта“ и со расположливите средства ќе може да се точи исклучиво „еуродизел“ гориво за земјоделска механизација.
Годинава, преку оваа мерка се покриваат 50 % од производниот трошок кој е утврден согласно методологијата а на сметките на околу 60.000 земјоделци ќе бидат вратени 280.000.000 денари. Со овие средства, директно влијаеме на намалување на производствениот трошок што го имаат земјоделците а со тоа го правиме домашното земјоделско производство поконкурентно на пазарите.