Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва го осуди убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД, велејќи дека расизмот е ужасна работа.
– Убиството на Џорџ Флојд е многу страшно. Расизмот е нешто страшно. Општеството во САД е многу поларизирано, рече таа во интервју за телевизијата ЗДФ, коментирајќи ја по првпат ситуацијата во Соединетите американски држави по убиството на Флојд за време на полициското апсење.
Како што оцени таа, политиката треба да се обиде да ги зближи луѓето и да ги помири.
На прашањето дали американскиот претседател Доналд Трамп има улога во поларизацијата на американското општество, таа рече дека неговиот политички стил е контроверзен, јавуваат германските медиуми.
Сепак, Меркел додаде дека соработува со избраните претседатели на сите земји, вклучувајќи го и американскиот претседател и изрази надеж дека ситуацијата во Америка ќе се смири.