На 03.06.2020 во 15.00 часот било пријавено дека на патот од Средно Водно кон Сопиште се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл, со скопски регистарски ознаки, управуван од П.С.(22) од Скопје и велосипед, управуван од Б.П.(32) од Скопје.
По незгодата, двајцата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.