На иницијатива на Министерството за внатрешни работи денеска се одржа работна средба на министерот Чулев со претставници на ромските невладини организации. На состанокот се разговараше за проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење, а кои седелокругот на Министерството за внатрешни работи.
Говорот на омраза кон ромската заедница како маргинализирана група во општеството, проблемот со децата на улица, семејното насилство, се дел од проблемите за кои двете страна се согласија дека системски да се решаваат во периодот кој следи.
Соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и овие невладини организации треба да се регулира со меморандум за заедничка соработка, чие формализирање треба што поскоро да се случи. Министерството за внатрешни работи останува посветено на дијалогот и соработката со невладиниот сектор на чие интензивирање ќе работиме во следниот период, потенцираше министерот Чулев во рамки на средбата.