Севернокорејските власти соопштија денеска дека САД не се во позиција да ја критикуваат Кина поради Хонгконг или човековите права, бидејќи Вашингтон се заканува дека ќе ги „ослободи кучињата” за да ги запре протестите.
Во текст објавен од севернокорејски медиуми, повикувајќи се на неименуван портпарол на Одборот за надворешни работи на владејачката Работничка партија на Кореја, се критикуваат неодамнешните коментари на американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој истакна дека потезите на Кина имаат цел да ги уништат западните идеи, вредности, демократии, алудирајќи на Хонгконг и Тајван.
– Демонстранти гневни на екстремните расисти, тргнаа на Белата куќа. Тоа е денес реалноста во САД. Американскиот либерализам и демократија им се закануваат на демонстрантите дека ќе ги ослободат дури и кучињата за спречување на протестите, истакнал севернокорејскиот официјален претставник.
Тој додал и дека не е првпат Помпео да зборува бесмислици за Кина, поврзани со Хонгконг, Тајван, човековите права и проблемите во врска со трговијата.