Маските за лице можеби ќе мора да се носат до почетокот на кампањата за масовна вакцинација против новиот коронавирус, што би можело да се случи во октомври или подоцна, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
– Колку долго ќе ги носиме маските најмногу зависи од развојот на вакцината. Според различни процени, тоа би можело да се случи помеѓу октомври и февруари следната година , посочи Собјанин,
Тој додаде дека се надева оти првата испорака на вакцината ќе биде во октомври.