– Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец. Попладне во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 28 степени Целзиусови. УВиндексот ќе изнесува 8.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а во попладневните часови со зголемена облачност и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Следува период на потопло време. Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер, а под влијание на влажен бран повеќе врнежи се очекуваат ноќта помеѓу петок и сабота