Полицијаата поднесе кривични пријави против петмина тетовци, осомничени дека ограбиле тројца таксисти во Тетово.
Станува збор за М.П.(18) од Вешала, А.И.(17) од Мерово, А.С.(20) од Камењане кои се товарат закривични дела „разбојништво“ и за „тешка кражба“. Кривични добиле и М.А.(22) од Боговиње и Д.С.(23) од Камењане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
-Прво, второ и третопријавениот на 05.01.2020 на улицата Маршал Тито се качиле во такси возило и откако пристигнале на местото, со закана со нож, од возачот одзеле пари. Тројцата во текот на денот на истата улица се качиле во друго такси возило и на ист начин и од овој возач одзеле пари и побегнале. Осомничените М.А. и Д.С., пак, на 04.03.2020 на крстосница од ул.„Маршал Тито“ и „Јане Сандански“ се качиле во такси возило и откако пристигнале на бараната локација, со употреба на сила, од возачот одзеле пари, велат од МВР.