Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш призна дека станувањето дел од англискиот гигант било остварување на неговиот детски сон. Португалецот се пресели на „Олд Трафорд” во јануари годинава и скоро веднаш ја подобри играта на „црвените ѓаволи”.
– Се исплашив кога дознав за трансферот. Преселбата во Манчестер, можноста да играм во Премиер Лигата за еден од најдобрите тимови на светот е врв на мојата кариера. Кога ми беше кажано дека има шанса да се преселам во Јунајтед, ја повикав сопругата, брат ми, сестра ми, мајка ми, а потоа едноставно се расплакав. Од среќа, се разбира. Целиот мој живот се борев за правото да ги бранам боите на овој клуб. Ја искористив можноста да го остварам мојот голем сон, вели Фернандеш за „Goal.com”.