Останува активен за време на пандемијата со секојдневно возење велосипед низ соседството.
Арнолд Шварценегер (72) го започна својот ден со уште едно подмладувачко возење велосипед во Брентвуд во средата.
Ѕвездата на „Терминатор“ со насмевка на лицето ужива во утринскотара рута низ Брентвуд со неговиот пријател, поранешен бодибилдер Ралф Мелер.
Во меѓувреме, Арнолд на социјалните мрежи го искажа својот став за смртта на Флојд и последователните протести.
Иако фановите се навикнати да гледаат смешни видеа на акаунтот на Арнолд во последно време, поранешниот гувернер на Калифорнија овој пат проговори со поинаков тон во врска со граѓанските немири.
„Демонстрантите што ги гледаме на улиците не ја мразат Америка. Тие бараат од нас да бидеме подобри. Тие зборуваат во име на нашите сограѓани Американци кои повеќе немаат глас: Ахмуд Арбери, Бриона Тејлор, Џорџ Флојд и многу други,“ напиша тој на Инстаграм, каде ги повика луѓето да ги прочитаат неговите размислувања за ова прашање во статијата во „Атлантик“.
Арнолд беше еден од бројните познати личности кои постираа црн квадрат на нивните профили на Инстаграм во знак на солидарност со протестите како дел од колективната акција „црн вторник во музичката индустрија“ или ден без емитување музички содржини.
Иницијативата, која потекна од „Атланата рекодс“, ги охрабри сите музички платформи и бизниси поврзани со музика да ја запрат програмата и да се воздржат од објавување содржини во знак на протест против полициската бруталност.