(Видео) Двајца играчи на Бенфика повредени при напад врз клупскиот автобус

Автобусот со играчите на Бенфика беше нападнат со камења по првиот натпревар од обновениот шампионат на Португалија, објави прес-службата на клубот на својата официјална веб-страница. Двајца фудбалери се повредени.

Несреќата се случила кога автобусот се движел од стадионот „Естадио да Луж” до центарот за тренинг.

Играчите од средниот ред Јулијан Вајгл и Андрија Живковиќ се повредени од стакло и веднаш биле однесени во болница.

https://youtu.be/ydR7ZM2WhHY?t=6

Бенфика гарантира целосна соработка со властите и ги повика да вложат максимални напори за пронаоѓање на хулиганите.

Во меч од 25 коло, Бенфика ја пречека Тондела, а натпреварот заврши без погодок. Бенфика го предводи пласманот во португалскиот шампионат со 60 бода.

Порто има ист број на бодови.

Треба да знаете
Последни објави