Меѓу заболените од Ковид 19 има и 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември” и двајца здравствени работници во Клиниката за гинекологија и акушерство, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
Во ГОБ „8 Септмври” заболени се еден доктор, двајца болничари, седум медицински сестри и уште еден вработен во техничката служба, но работата на болницата не е компромитирана.
– Утрово на координативниот состанок со инфектологот од болницата „8 Септември” договоривме начин на тестирање на луѓето кои биле во највисок ризик со веќе потврдените случаи и препорака за самоизолација за останатите согласно епидемиолошкиот прашалник, рече Филипче додавајќи дека сите вработени на работното место со пациентите носеле заштитна опрема.
Во ГАК каде има заразени сестра и техничар траат анализата и анкетите и согласно тоа ќе биде направено тестирањето.