Двајца вработени во владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП), со кој раководи вицепремиерот Бујар Османи, се позитивни на ковид-19, дознава „360 степени“ од извор во здравствените власти.
-Двајца врабитени во СЕП се позитивни. И покрај тоа што не сум имал блиска комуникација, сепак, вчера направив тест и тој е негативен, потврди Османи.