По тримесечна пауза фудбалот во Хрватска се врати на терените. Денеска во ноќен термин се одигра натпреварот меѓу Хајдук Сплит и Интер Запрешиќ.
Интересен натпревар се одигра на Пољуд. Први до водство стигнаа гостите со голот на Мамут во 37мата минута на натпреварот. На паузата Запрешиќ си отиде со минимална предност.Во 55.минута се чини спорен момент, но судијата со помош на ВАР покажа на бела точка за Хајдук, откако еден гостински играч играше со рака. Натегањата траеја пет минути, Чакташ шутираше голманот на Интер го одбрани неговиот удар. Но, судијата одново му даде шанса на Чакташ, кој вториот пат беше сигурен.
Поради многуте прекини натпреварот беше продолжен на 8 минути, и во 97мата минута стигна ладниот туш за гостинот.Бугаринот Димитров стрела за 2:1 и за победа и три бода за сплитските “били“.