Силите под команда на либиската Влада влегоа во Тархун, големо упориште на генералот Хафтар

Силите под команда на меѓународно призната либиска Влада денеска соопштија дека влегле во градот Тархун, кај Триполи, последното големо упориште на генералот Калифа Хафтар, со што заврши 14-месечна офанзива на неговата Либиска национална армија (ЛНА) врз престолнината.

Британските медиуми пренесуваат дека засега нема коментари од ЛНА дали нејзините единици се уште се наоѓаат во овој град, само еден ден откако беа протерани и од последните позиции што ги држеа во Триполи.

Во текот на изминатите неколку недели, силите на меѓународно признатата Влада на национално единство извојуваа серија победи со помош на Турција.

Според извештајот на оперативниот штаб на Владата на Националното единство, владините сили стигнале во центарот на градот Тархун, откако во него влегле од четири страни.

Британските медиуми потсетуваат дека конфликтот во Либија ни од далеку не е завршен, бидејќи ЛНА, за која се вели дека е поддржана од Русија, Обединетите Арапски Емирати и Египет, продолжува да го контролира источниот дел на земјата, каде има воспоставено паралелна администрација, како и голем дел од јужните региони на земјата, каде се наоѓаат главните нафтени полиња.

Треба да знаете
Последни објави