Чулев: Одлуката за ограничување на движењето не е идеална, но треба да се почитува

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, независно дали сметаат дека одлуката за полициски час за Задушница е оправдана или не.

-Православните христијани утре празнуваат Задушница, а в недела го празнуваат слегување на Светиот Дух на Апостолите или помеѓу граѓаните познат како Духовден. Оваа година овие два големи и значајни празници ги одбележуваме во поинакви околности соочени со голем, знаечаен и сериозен предизвик – да го заштитиме сопственото здравје од вирусот Ковид 19. Свесен сум дека актуелната одлука за ограничување на движењето на граѓаните не е идеална, но таа треба да се почитува. Големата бројка на лица кои се носители на вирусот е факт кој не смееме да го игнорираме и занемариме. Но, таа бројка не обврзува и сите нас кои сме носители на јавни, и политички функции, одлуките кои ги носиме да бидат засновани на аргументи, а не на дневна политика, посебно оние одлуки кои се поврзани со заштита на здравјето на граѓаните.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/164623908397745?__xts__%5B0%5D=68.ARAVGGJ9UHbgwy-wSzauQLhBnfTKBkEwvSpJWVxebGB1D_viY49O1gqqug2GxAnPpt-afECfPLhoM4hnp0KiicPrJqMgNQUAro7-uE8o6kHhZ7k38ic0CSZg7Sod2Dny2cwKEuEa9v9ZTeztvHz_vsDTHosfL9r8FvyDK1H_xEtEATdVFt7pAIXl2YqtNOqTck3EeVBHh8JRKyN3-T5LdL6l1_RWiQCz_ZH906qWC5PNjeXRdTiJo8JlvUvhZliou4YxvBvv1wfSdo3fiF1cNJPFGuCae0XU48Ah3XfGibJGBFcFoP7T9l061tw7LQ-VKsdqt8nzSD5wk19fsb4&__tn__=-R

Сите ние сме одговорни за своето, но и за колективното здравје. Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето. Дисциплинираноста и одговорноста се карактеристика на големите луѓе и јас сум сигурен дека пред нас е време кога ќе можеме многу посигурно и побезбедно да ги одбележуваме убавите моменти, но и да изразуваме почит на оние кои не се помеѓу нас.

Треба да знаете
Последни објави