Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа зборуваше за тоа како СДСМ се справува со пандемијата каде потенцираше дека тезата на СДСМ дека Наќе Чулев потрфлил во работата не им помина кај граѓаните затоа што граѓаните добро знаат дека СДСМ е главниот виновник за овие поразителни бројки кои Република Македонија ги има во моментот.
„Дека Наќе Чулев пофрлил во работата тоа е добро познат наратив на СДСМ и знаеме дека кога СДСМ е на власт тогаш виновници се опозицијата , а кога СДСМ е опозиција тогаш виновници се власта што значи дека на кајот од денот СДСМ својата неспособност и некадарност, некомпетентност како и во се останато така и во оваа борба со пандемијата сака да го префрли на грбот на ВМРО-ДПМНЕ и на единствениот министер кој ВМРО-ДПМНЕ го има во оваа техничка влада. СДСМ во однос на пандемијата целосно потрфли уште од самиот почеток. Знаете и самите кои беа нашите апели уште пред кризата да заземе таква димензија каква што имаме денеска, пред да има толку голем број на заболени, пред да има толку жртви како што имаме сега и за жал сме први во регионо по основ на новозаболени, но и по бројот на починати, целиот регион имаше 45 или 46 новозаболени, а ние имавме 89 новозаболени, рече Ѓорѓиевски во своето гостување“.
Тој во своето гостување истакна дека СДСМ односно Сања Лукаревска и Мухамед Зекири се најголемиот кластер за корона вирусот затоа што функционери од СДСМ делеа памфлети, хуманитарни пакети во услови на пандемија.
„Владините функционери и сите приврзаници на истите само го следат примерот на Зоран Заев. Масовниот поткуп кој што се вршеше не само во Струмица во целата Република Македонија од една страна е нелегално затоа што е поткуп во услови кога се разговараше за избори, а од друга страна сериозно ги стави во ризик животите и здравјто на граѓаните во цела Република Македонија. И сега Зоран Заев свесен за последиците од сето тоа, свесен на што се ги изложи македонските граѓани со тие негови фикс идеи мора да бара виновник и нормално ние ќе бидеме криви, претседателот Мицкоски ќе биде крив, Наќе Чулев ќе биде крив, секој ќе им биде крив само да не признаат дека тоа е генерално нивна вина.
Нивните приврзаници на семејствата, роднини пријатели само го следат примерот на Зоран Заев. Ние видовме Сања Лукаревска колку животи стави под знак прашалник со нејзиното делење на памфлети, хуманитарни пакети итн. Истото го видовме и со потпретседателот Мухамед Зекири. Тие се најголемиот кластер во моментов за корона вирусот во Република Македонија, половина партија им е во изолација, не е пола ракодоство на ВМРО-ДПМНЕ во изолација за да се обвини ВМРО-ДПМНЕ, додаде Ѓорѓиевски“.