Сопственикот на кафеаната кој му пружил противзаконско гостопримство на Мицкоски и неговата мускулеста придружба доби кривична пријава. Ако сите се еднакви пред законот, откако Мицкоски, по бегството, призна каде бил и што сторил, не останува ништо друго освен надлежните да му поднесат пријава за кривично дело против здравјето на луѓето, според член 206 од Кривичниот законик, што може да значи и затворска казна до една година пишива Цивилмедиа.Христијан Мицкоски, формално првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш даде негативен пример и покажа како човек НЕ ТРЕБА да се однесува за време на епидемија. Освен што манифестираше скандалозна ароганција, за потоа да избега „главом без обзира“ од кафеаната „Чардак“ во Боемска улица, тој во јавноста продолжува со непримерно поведение. Со такво поведение тој покажува, не како се спречува, туку како се шири коронавирусот.
Откако избега, не можејќи да ги прикрие фактите за своето противзаконско однесување, Мицкоски „херојски“ призна дека тој е политичарот што седи во внатрешниот дел на кафеаната, фатен „жив“ од пазарните инспектори. Јавноста веднаш го осуди ова однесување, а тој, едноставно, немаш каде, па призна дека ги прекршил протоколите за заштита од ширењето на коронавирусот. Сите негови дополнителни објаснувања и обиди, на сета вина, да го нападне системот, само покажуваат (уште еднаш) дека е убеден дека законите за него не важат, дека е над законите. Покажуваат и некои други работи, ама ајде, ќе го поштедиме овој пат од тоа.
Сопственикот на кафеаната кој му пружил противзаконско гостопримство на Мицкоски и неговата мускулеста придружба доби кривична пријава. Ако сите се еднакви пред законот, откако Мицкоски, по бегството, призна каде бил и што сторил, не останува ништо друго освен надлежните да му поднесат пријава за кривично дело против здравјето на луѓето, според член 206 од Кривичниот законик, што може да значи и затворска казна до една година.