Георгиев: Сакаме да помогнеме на Вардар, но во моментов нема ништо

Бугарската ТВ Нова направи опширно интервју во поранешниот фудбалер Благој Георгиев, кој во Скопје преговараше за превземање на ФК Вардар. Тој потврди дека сака да му помогне на Вардар и да го спаси клубот од банкрот, но инсистира дека во моментов нема ништо.

Бугаринот е претставник на конзорциум на компании од Источна Европа, од кои постои сериозен интерес за преземање на Вардар, откако скопскиот клуб западна во тешка финансиска криза по повлекувањето на Сергеј Самсоненко.

-Многу од моите пријатели во Македонија ми зборуваа за традицијата на Вардар, овој клуб таму е како Левски и ЦСКА кај нас, има многу навивачи, а воедно е најпопуларниот клуб во таа земја. Откако се запознав со дел од навивачите, менаџментот на клубот, стадионот, увидов дека многу добри работи можат да се завршат таму. Излегоа информации дека сакаме да помогнеме, имам многу пријатели во Македонија, но засега сме далеку од договор, иако интерес има, потврди Георгиев за ТВ Нова.

Треба да знаете
Последни објави