Само еден клуб против: НБА продолжува со 22 екипи на 31 јули во Орландо

Управниот одбор на НБА го одобри планот за продолжување на сезоната. Според „ЕСПН”, одлуката е донесена со огромно мнозинство – 29:1.

Според информациите, сезоната 2019/2020 во најсилното првенство во светот ќе се врати на 31 јули во Орландо. 22 екипи ќе го продолжат учеството во лигата, вклучувајќи ги и најдобрите 16 од двете конференции плус Њу Орлеанс, Портланд, Феникс, Сакраменто, Сан Антонио и Вашингтон.

Секој од нив ќе одигра уште осум натпревари пред плеј-офот. Во случај тимот, кој се наоѓа на 9-то место во пласманот, заостанува од 8-то место со помалку од 4 победи, ќе игра во серија со последниот. За напредување, тимот на 9-то место мора да победи двапати.

Сезоната во НБА, која беше суспендирана во март поради пандемијата од коронавирус, се очекува да заврши најдоцна на 12 октомври.

Треба да знаете
Последни објави