Филипче: 15 семејства носат 90 отсто од новите случаи

Oколу 15 семејства носат 90 проценти од новите случаи што значи дека болеста се шири тесно. Има и нови случаи што не можат да се поврзат со овие семејства што значи дека вирусот постои, рече министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Несомнено е рече тој, дека имаме втор бран кој е резултат на непочитување на мерките што се покажано и од увидот во епидемиолошките прашалници.

Според министерот, високите бројки, како денешната од 180 нови случаи, е очекуван поради начинот на тестирање кој е применет изминатите денови со оглед на тоа дека се покажало оти има голем број на асимптоматски случаи.

„Денеска имаме и највисок број на случаи во 24 часа така да на овој начин многу рано се идентификуваат и затоа сметаме дека бранот ќе трае многу кратко“ рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави