Ахмети: Како што бевме обединети во ОНА, сега е време за премиер Албанец

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска ја продолжи кампањата за прв Албанец премиер преку објавување на видео на неговите официјални профили на социјалните платформи.

„Дојдено е времето пријатели, да се обединеме, затоа што кога сме обединети се е можно, како што бевме обединети во ОНА за време на војната или при изборот на првиот Албанец Претседател на Собранието, зачленувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори за членство во Европската Унија. Време е, Албанец премиер“, напиша Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави