Куманово со 19 и Штип со 17 новозаболени во денешната статистика на позитивни на Ковид 19 само ја потврдуваат статистиката на Институтот за јавно здравје дека се двата града со највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители.
Во збирот од 125 новозаразени со коронавирус во изминатово деноноќие, каде Скопје има најмногу новозаразени- 46, Куманово и Штип следат на листата, но градот под Исарот сериозно му се приближува на Куманово, па во Штип има 123 активни случаи, а Куманово 129.
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 368,6 заболени на 100.000 жители, Штип (273,4/100.000), Прилеп (227,7/100.000), Велес (208,3/100.000), Дебар (187,4/100.000), Скопје (187,0/100.000), Струга (134,1/100.000) и Тетово (128,7/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Кочани, Пехчево и Неготино

Иако Тетово нема голем број на заразени на 100.000 жители, со нови 16 заболени има 115 активни случаи. Скопје во моментов има 595 активни случаи на Ковид 19, па овие четири градови се главните жаришта во земјава.
Според последните информации од ИЈЗ од пред неколку дена, во Скопје најмногу активни случаи 134 има во Чаир, 56 во Бутел, 55 во Гази Баба, 50 во Аеродром, 47 во Сарај, 42 Центар, Карпош 33, Кисела Вода 28…



