Во Хрватска нема нови случаи на коронавирус, активни се само 17 случаи

Во последните 24 часа во Хрватска нема нови случаи на коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Од вкупно потврдените 2.247 случаи, досега закрепнале 2.126 лица, 104 лица починале. Се лекуваат уште 17 лица, од кои двајца пациенти се на респиратор.

Досега се тестирани вкупно 68.740 лица, а од нив 226 во последните 24 часа.

По поволната епидемиолошка состојба, надлежните денес ја укинаа задолжителната едночасовна пауза помеѓу две смени за чистење и дезинфекција на продавниците и трговските објекти кои работат во две смени.

Сепак, тоа не значи дека чистењето и дезинфекцијата на продавниците повеќе не е потребно. Останува препораката за редовно чистење и дезинфицирање на продавниците во согласност со препораките и упатствата на хрватскиот Институт за јавно здравје.

Треба да знаете
Последни објави