Дебарските волонтери на Црвениот крст за време на полицискиот час беа во служба на граѓаните

Волонтерите на дебарската организација на Црвен Крст и понатаму неуморно се во служба на граѓаните кои имаат потреба од набавка на неопходни намирници и лекови за време на полицискиот час.

-Од четвртокот попладне и во деновиве од викендот, се до денес во 18 часот нашите волонтери услужија повеќе од десет лица кои се јавија на нашиот телефон 071-223-990. Нарачките се како за основни прехрамбени артикли така и за лекови, изјави за МИА, Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.

Додадава дека тоа е врз основа на донесената одлука, од страна на општинскиот Оперативен штаб, уште од прогласувањето на кризната сосотојба во оваа општина.

-По прогласувањето на кризна состојба, поради Ковид-19, на 13 март, волонтерите извршија околу 250 услуги на повозрасни и изнемоштени лица, како во градот така во селата, главно Долно Косоврасти, Гари, Осој, Долно Мелничани и Тресонче. Нашите волонтери ја преземаат нарачката, одат да ги набават потребните нешта и ги доставуваат до домот на граѓанинот, а плаќењето се врши на рака, врз основа на фискалната сметка, дообјаснува Телќиу.

Во периодов на пандемија со Ковид-19 волонтерите беа активно вклучени и во распределбата на хуманитарна помош, која во градот пристигна освен од Републичкиот црвен крст, други хуманитарни организации, како и поедници-нашинци кои живеат во САД и западно европските земји.

Треба да знаете
Последни објави