Големите имиња од српската кошарка како Владе Дивац, Предраг Стојаковиќ и Богдан Богдановиќ ги поддржаа мирните протести против расизмот и полициската бруталност што вчера се одржаа во Сакраменто.
https://www.instagram.com/p/CBHNvemni19/?utm_source=ig_web_copy_link
Во делегацијата на кошаркарскиот клуб „Кингс“ од Сакраменто беа Дивац заедно со неговата сопруга Ана, Стојаковиќ и Богдановиќ. На протестот имаше околу 20 илјади души кои со прошетка низ главниот град на Калифорнија го искажат незадоволството од полициското самоволие.
Богдановиќ, и претходно на социјалните мрежи ги поддржа протестите кои се организираат под паролата „Црните животи вредат“.
„Така сум воспитан! Знам дека сум многу кратко време во оваа земја, но видов и научив многу, па можам да ја разберам разликата меѓу доброто и злото! Секогаш ќе бидам на страната на доброто“.
Делегацијата на „Кингс“ ја почна поворката пред нивната сала, а меѓу говорниците беше играчот Харисон Барнс.