Вакцината против коронавирусот Кина ќе ја направи „глобално јавно добро”, изјави кинескиот министер за наука и технологија.
На прес-конференција во Пекинг тој кажа дека Кина ќе ја зајакне меѓународната соработка доколку може да развие вакцина против коронавирусот.
-Кина ќе ја направи вакцината глобално јавно добро кога таа ќе биде подготвена, рече тој.