Додека целата држава, граѓаните, институциите, се борат со коронавирусот, јавноста сведочи на незрелото и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски.
Мицкоски е фатен жив во својата неодговорност, не само што ги прекрши мерките и задолженијата за спречување на заразата со коронвирусот, кои сите граѓани имаат обрвска да ги почитуваат.
Не само што го загорзил здравјето на граѓаните, туку поттикнува и незаконско постапување на структурите на Наќе Отсјај во полицијата.
Затоа Мицкоски мора да одговара кривично, како и секој што прекршил закони. Очекуваме исрагата да ги посочи сите виновници за овој случај.
Очигледно Мицкоски свесно ги прекршил мерките и влегол во дел од ресторан во кој не смеел да седи, загрозувајќи го здравјето на луѓето но и поткопувајќи го целиот систем.
Бил со повеќе од едно лице и со тоа сторил прекршување на ленот 206 од Кривичниот законик, односно не постапил согласно здравствените прописи во време на епидемија.
Што има да разговара со Ален Зеќиров и поранешниот прв човек на УБК едно.
Но, во овој случај сторени сетешки прекршоци, поттикнати од неодговорното однесување на Мицкоски.
На службените лица, односно на надлежните инспектори, им било попречувано да ја вршат својата службена должност.
Потоа, типично за ВМРО-МВРО матрицата се вмешале структури во МВР блиски до Наќе Чулев и Мицкоски во обид да ги сокријат доказите.
Криени биле уредите за снимање за да се сокрие вистината за Мицкоски, но не успеале.
Сето ова се оправдани сомнежи за сторени сериозни кривични дела за кои мора да има разрешница и одговорност.
Мицкоски крши прописи и лумпува по кафани додека ВМОР-ДПМНЕ шири лажни вести.
Секако неодговорниот Мицкоски кој го загрозува здравјето на граѓаните треба да плати казна, но потребна е одговорност и за серијата други прекршоци сторени во мисијата за неговот спасување.
Ова неодговорно, незрело и несовесно однесување на Мицкоски не смее да мине неказнето. Тој мора да се соочи и со морална и со кривична одговорност.