Познатиот британски пејач Том Џонс, познат по хитовите „Дилајла” и „Секс бомба”, денеска полни 80 години, а во пресрет на неговиот роденден, супер ѕвездата се потсети на неговата успешна кариера и живот.
-Уште многу години сакам да продолжам да пеам. Можеби некогаш ќе се појави уште една „Секс бомба “. Не ја исклучувам и таа можност, рече пејачот.
Во новиот документарен филм „Музичкиот пат на Сер Томас”, што се емитуваше на „Радио 2″, тој зборуваше за тоа како неговиот прв хит „Не е невообичаено” од далечната 1965 година бил пресвртница во неговиот живот. Оттогаш, тој имаше исклучително успешна кариера, продавајќи повеќе од 100 милиони плочи и издаде повеќе од 40 албуми, пишува британскиот весник „Сан”.