Претседателот на Украинската фудбалска асоцијација (УАФ) Андриј Павелко објави продолжување на договорот со селекторот на украинскиот национален тим Андриј Шевченко.
-Извршниот комитет на УАФ со задоволство го продолжи договорот со селекторот Андриј Шевченко до 31 декември 2022 година.
Шевченко го води украинскиот тим уште од летото 2016 година. Под негово водство, репрезентацијата се снајде на Евро 2020, а исто така влезе и во А дивизијата на Лигата на нации.